• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

За училиштето

Во основното општинско  училиште „Толи Зордумис“ Куманово наставата ја следат 488 ученици (249 ученици Македонци и 239 ученици Албанци).

Училиштето е мултиетничко, и наставата се изведува на албански и на македонски наставен јазик. Персоналот на училиштето е искусен во организирање на воннаставни активности во различни секции: секција за странски јазици, секција на млади физичари и хемичари, географска секција, историска секција, еко секција и секција на млади биолози, математичка секција, информатичка секција со тим за техничка поддршка, литературна секција, новинарска секција, мултимедијална секција, ликовна секција и сообраќајна секција. Во рамки на училиштето се активни женските и машките екипи во ракомет, кошарка, фудбал и одбојка во кои членуваат голем број на ученици како и училишниот хор.

Преку примена на интеркултурните активности (од воннаставен карактер) училиштето го подобрува квалитетот на наставата и меѓуетничките односи. Со поддршка на Нансен дијалог центар Скопје (обучување на наставници за интегрирано и интеркултурно образование) училиштето успешно спроведува интеркултурните активности и гради позитивни односи во пошироката заедница преку интегрираното образование.

Училишниот кадар е особено заинтересиран за промовирање на меѓусебната соработка меѓу учениците, почитување на разликите меѓу учениците од македонската и албанската етничка заедница, на пријателството и толеранцијата, вклучување на родителите во различни активности и негувањето поддршка на нивната меѓусебна соработка.

Концепцијата за интеркултурно образование во рамки на ООУ „Толи Зордумис“, Куманово се спроведува преку следните тематски подрачја:

– Компетенции за интеркултурно образование на наставниот кадар

– Воннаставни активности

– Амбиент (Eтос) во образовните институции

– Релации на образовните институции со пошироката заедница.